Во автобус на ЈСП не му е дозволен влез на Александар Велевски со неговото куче-придружник

,, Добро бе нешто функционира ли во државава?????
ЈСП со бро 7 не ме пуштија со Бен“-напиша на својот ФБ профил Александар Велевски, кој боледува од церебрална парализа и кој само пред неколку денови беше среќен и задоволен од одлуката на ЈСП да дозволи лицата кои имаат потреба, да се возат во градските автобуси со куче-придружник.

Пред три дена, ЈСП Скопје како општествено одговорно претпријатие, одлучи да им излезе во пресрет на лицата со посебни потреби со куче придружник и да дозволи влез на кучињата придружници во возилата на ЈСП и во кабините на Жичарницата, со која стопанисува ова јавно претпријатие

Одлуката е донесена со оглед на фактот дека кучињата придружници се од голема помош на посочената категорија лица и дека тие им се од голема корист како дополнително помагало во извршување на секојдневните обврски и активности.

ЈСП тогаш повика сите корисници на нивните услуги да се воздржат од негативни реакции доколку се доведат во ситуација да се возат со лице со куче придружник имајќи предвид дека кучињата се безопасни по околината, тие се специјално дресирани со намена за придружба и движење на посочената категорија лица, велат од ЈСП.