Во Америка протести ,,И јас сум муслиман“

Со паролата “И јас сум муслиман”, во Америка изминатиот викенд се одржаа серија протести против имигрантската политика на американскиот Претседател Доналд Трамп.На Тајмс Сквер во Њујорк маршираа повеќе организации за заштита на човековите права , а демонстрантите носеа американски знамиња и транспаренти на кои беа испишани пораки со поддршка и барања за слободно движење.

На собирот зборуваше градоначалникот на Њујорк Бил де Блазио, кој побара заштита на правото на вера и вероисповед и отстранување на сите стереотипи во таа насока.

Трамп најави нови закони за регулирање на влез во Америка, откако стариот предлог не ги помина судските филтри.