Во Амстердам е убиен холандскиот репрезентативец Келвин Мајнард

Холандскиот фудабелер, Келвин Мајнард, ноќеска е убиен во Амстердам, објавија светски медиуми, меѓутоа полицијата сѐ уште не ги знае мотивите за убиството.

Како што пренесува АП, до престрелката дошло во центарот на градот.

Мајнард(32) беше дефанзивец во холандската репрезентација и во англискиот клуб Бартон Албион.

Претходната ноќ во центарот на Амстердам беше убиен 44 годишниот адвокат Дерк Вирсум,кој бранел сведок во судски процес за трговија со дрога.

Убиствата се случиле речиси на истото место, но нема информации дали се поврзани.