Во Бангладеш убиени 11 осомничени екстремисти

Безбедносните сили на Бангладеш денес убија најмалку 11 осомничени екстремисти во три одвоени рации.

Според зборовите на официјални лица од полицијата, тие биле членови на екстремистичката група „Џаматул Муџахедин Бангладеш“ (ЏМБ), која е забранета во Бангладеш.

Владата на Бангладеш ја обвини ЏМБ за напад на ресторан во главниот град Дака, во кој беа убиени повеќе од 20 лица, иако екстремистичката организација Исламска држава ја превзеде одговорноста на тоа насилство.