Во Белград се гради споменик на Стефан Немања висок 23 метри

Заменик градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, објави фотографии од темелите за највисокиот споменик во Србија кој ќе биде висок колку седумкатна зграда.

,,Денеска на Савскиот плоштад завршени се темелите за споменикот на Стефан Немања, основач на српската средновековна држава . Споменикот, најголем во Србија, ќе биде висок 23 метри што е еднакво на зграда од 7 ката. Србија ќе се гордее со овој споменик посветен на основачот на средновековна Србија“-напиша Весиќ на ФБ.

Савски плоштад во Белград каде се гради најголемиот споменик во Србија

Колку за споредба, Воинот на коњ во Скопје е висок 14,5 метри само споменикот и е качен на постамент од 10 метри.