Во Берово измерени -24 степени!

Утрината во 4 часот(08.01.2017) најниска температура е измерена во Берово од -24 степени. Во Крива Паланка се измерени -23 степени , Скопје и Велес -21 степен, Битола и Тетово -20, а ,,најтопло,, беше во Гевгелија -8 степени.

 

 

Меѓутоа, податоците од мерните станици покажуваат пониски температури и тоа во 6 часот утрината, па така изминатата ноќ во цела Македонија се измерени вистински поларни температури. Во 6 часот најстудено беше во Берово со -28 степени. Потоа Битола -24,6 степени, Крива Паланка и Лазарополе -23, Штип и Скопје кај Петровец -20,6, Скопје на Зајчев рид 16,6, а ,,најтопло,,беше во Гевгелија -10 степени.

Сепак , како меродавни се сметаат температурите кои ги објавува УХМР погоре на графиконот,  ако се земе просечната температура на една територија, а не само стриктно кај мерната станица.

За денеска се најавуваат температури од -14 најниската до -5 највисоката.

Извор:УХМР и Метеопро