Во Бугарија експлодираше товарен воз со течен гас

 

Товарен воз со 26 цистерни со течен гас излетал од шините и експлодираше во селото Хитрино, во североисточна Бугарија.  Уништени се десетици куќи, азагинале најмалку 6 жители на селото, а дваесетина се во тешка состојба.

Товарниот воз кој превезувал течен нафтен гас излетал од шините и експлодираше, а експлозијата ги уништи се железничката станица и околу 20 други објекти. Голем дел од  жителите се евакуирани.