Во Велес на малтретирано куче му се отсечени ушите

Ова улично куче остана без своите уши. Активистите за заштита на животните ја објавија фотографијата на кучето, кое уште крвари по отсекувањето на неговите уши.

Невина жртва на монструозни човечки суштества

За да му се укаже прва помош, морале да му дадат средство за успивање, бидејќи кучето било исплашено, вознемирено и трпело големи болки.

Утврдено е дека пред да му бидат исечени ушите, било малтретирано и тепано.

Активистите велат дека кучето е локален миленик и многу е мирно.

Случајот е пријавен во полиција, а се претпоставуват сторителите кои постојано низ градот малтретираат и осакатуваат кучиња.

Се очекува итна реакција на полицијата и соодветни казни за сторителите.