Во вооружен напад во популарен клуб во Мелбурн едно лице е убиено, а три се ранети

Едно лице е убиено, а три се повредени, од кои две во животна опасност, по вооружениот напад во еден популарен ноќен клуб во австралискиот град Мелбурн.

Во инцидентот настрада и се ранети тројца припадници на клупското обезбедување и гостин кој чекал ред да влезе.

Полицијата трага по напаѓачите, кои според првичните сознанија, избегале со автомобил откако претходно пукале во насобраниот народ.

Сѐ уште се утврдуваат причините за нападот и дали станува збор за терористички чин.