Во време на светска пандемија цвета шверцот на мигранти низ Македонија

Дваесет и пет мигранти од Авганистан и Пакистан биле пронајдени при рутинска контрола на возило кај Свети Николе.

„Ноќеска околу еден часот по полноќ кај село Преод, Свети Николе, од полициски службеници било сопрено патничко возило „опел виваро”, со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.А.(24) од Скопје, во кое сопатничка била М.И.(20) од Скопје. При извршениот преглед пронајдени биле 25 мигранти од Авганистан и Пакистан. Сите биле приведени и предадени на полициски службеници во Полициска станица Свети Николе за понатамошна постапка“, се вели во соопштението на МВР.

Фото: Архива