Епидемијата на корона вирус во Германија не се смирува. Според последните податоци на институтот ,,Роберт Кох“ во последното деноноќие се регистрирани уште 22.268 заразени луѓе, па со тоа има вкупно заразени од Ковид 19 речиси еден милион, а 311.000 активни случаи.
Во последните 24 часа починале уште 389, а од почетокот на пандемијата вкупно 15.381 пациент.
Ситуацијата со Ковид 19 во Европа е критична и многу од земјите имаат воведено разни мерки и рестрикции, а некои и делумен полициски час кој почнува од 19 часот па до 5 наутро.
Фото: Анадолија