Во градите на Иван Огњановски повеќе од 40 дена чука срцето на Емилија Динева(видео)

Во градите на Иван повеќе од 40 дена чука срцето на Емилија Динева, чие семејство и покрај големата загуба одлучи да спаси човечки живот. 

Иван чувствува огромна благодарност.

„Благодарност на семејството Диневи. Кога ќе излезам од болница сакам да се запознаам со нив. Јас сум член на нивното семејство“, вели Иван Огњановски, првиот пациент на кого му беше трансплантирано срце.

Сам во болничка соба под постојан надзор на медицински лица…Иван Огњановски го живее својот втор живот. Овој 54-годишен скопјанец е првиот пациент што доби срце од починат донор. Во градите на Иван повеќе од 40 дена чука срцето на Емилија Динева, чие семејство и покрај големата загуба одлучи да спасИ човечки живот. Секој ден на ехо ги слуша отчукувањата.

 -Тоа го гледам скоро секој ден..На ехо ме ставаат слушам дека не е пластика или некоја играчка, вели Иван Огњановски.

Повеќе од прилогот на ТВ Сител.

Извор: ТВ Сител