Во ДУИ превирања , незадоволство и отпор за коалицирање со ВМРО ДПМНЕ

 

,,Откако Државната изборна комисија ги објави резултатите, сега нè очекува друга криза, овојпат за составување влада, бидејќи сите комбинации што се на располагање изгледаат како невозможна мисија, оценува политичкиот аналитичар Исмет Рамадани за порталот МКД.мк.

Објавените бројки од изборите, според него, не даваат никаков комодитет ниту за ВМРО-ДПМНЕ, ниту за СДСМ и нивните коалиции и составување влада со ДУИ, бидејќи овојпат ДУИ го нема легитимитетот со оглед дека вкупниот број на гласовите што ги освои  опозицијата на партиите на албанците е далеку поголем од оној на ДУИ, па сега не може да се повикува на некој легитимитет како што правеше порано.

„ДУИ веќе е ранлива, се наоѓа во некаков и партиски и политички нокдаун и сега може да се очекуваат и превирања во партијата, бидејќи има информации дека дел од пратениците и членството воопшто нема да се согласат да се повтори коалицијата со Никола Груевски и неговото ВМРО“, вели Рамадани за МКД.мк.

За него невозможна мисија, како што вели, е и формирањето малцинска влада на СДСМ со сите албански партии, вклучувајќи ја и ДУИ, бидејќи опозициските партии на Албанците нема да прифатат коалиција со ДУИ.

Фото-МКД