Во ДУИ сѐ уште нема знаме на Република Македонија

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, даде уште едно интервју во неговата долга политичка кариера.

Но, како што може да се забележи зад неговиот грб, во неговиот кабинет се поставени само две знамиња-на Европска Унија и на Република Албанија, но не и државното знаме на Република Македонија.

За овој однос на политичките партии на Албанците во Македонија кон државните симболи , знаме и химна, често се зборувало во минатото, но до денес ништо не  е променето.

Вообичаено објаснувањето е дека тоа не е знаме на Република Албанија, туку знаме на сите Албанци во светот. Но, тоа не го негира фактот дека и по 17 години откако се на политичката сцена во Македонија и речиси исто толку на власт, ДУИ нема иззградено однос на почитување кон знамето на Република Македонија.

Интервјуто со Али Ахмети е на Радио Слободна Европа: