Во Египет пронајдена е гробница со 50 мумии


Во градот Миња, јужно од Каиро, археолозите пронајдоа фараонска гробница со 50 мумии, соопшти Министерството за антиквитети на Египет.

Педесетте мумии, меѓу кои и 12 деца , се пронајдени девет метри под земја во 4 простории.

Научниците сѐ уште не можат до крај да ја демистифицираат милениумската тајна на мумифицирање на телата.

Мумиите датираат од птоломејската ера, пред повеќе од 2.000 години.

Јасно е дека потекнуваат од тогашните високи слоеви на општеството, според начинот на кој се положени и мумифицирани.

На објавувањето на ова големо археолошко откритие присуствувале амбасадори и други гости, а биле покажани 40 од мумифицираните тела.