Во ек на светска епидемија, падна Владата на Албин Курти

Косово остана без Влада.

Пратениците кои се обединија против премиерот Албин Kурти, изгласаа недоверба во косовскиот Параламент.

Со 82 гласа ЗА и 32 против и еден воздражна, пратениците ја подддржаа иницијативата на ЛДК за недоверба на Владата.

Коалицискиот партнер на Курти, Иса Мустафа, му сврте грб откако тој не ги укина сто процентно таксите на производите од Србија и Б и Х, туку делумно и тоа само на суровините.

Мустафа бараше да се испочитува барањето на САД за да не ја загубат како држава нивната поддршка.

Од друга страна, претседателот, Хашим Тачи, одби да потпише барање за прогласување на вонредна состојба заради пандемијата на КОВИД 19.