На социјалните мрежи на повеќе профили е објавена видео снимка од ќелија во затворот во Струмица, каде казна издржува и поранешниот началник на полициска станица Кочани, Ванчо Тодоровски.
Во 2012 година Јанкуловска го разреши, а потоа МВР го уапси тогашниот началник на ПС Кочани, Ванчо Тодоровски за злоупотреба на службената положба и овластување и изнуда . Во периодот од 2006 до 2011 година Тодоровски искористувајќи ја својата службена положба повеќе пати принудил печалбар од Италија да му исплаќа парични средства во износ од 100 и 200 евра, како и подароци заради „простување“ на наводно констатирани сообраќајни прекршоци. По апсењето на Тодоровски, тогашната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска ја посети ПС Кочани и објави дека полициската акција „Детонатор“ продолжува во сите сектори на МВР низ цела Македонија сè до откривање на последните инволвирани. Тогаш Јанкуловска се сретна со началникот на Секторот за внатрешни работи во Штип Момчило Сталетиќ со кој разговарале за апсењето на командирот на ПС во Кочани Ванчо Тодоровски. “Денеска сум во работна посета на СВР Штип и ПС Кочани. Сакав да се информирам од прва рака за промената на раководството во оваа станица, бидејќи по акцијата „Детонатор“ овде настанаа кадровски промени, а во меѓувреме надлежните служби од МВР направија темелна проверка на работата на ПС заради постоење основано сомнение дека претходното раководство во одредени случаи не ги почитувало полициските правила и се направени одредени прекршувања на службените овластувања. Сите овие проверки на поголем број предмети и на изјавите на сведоците кои дадоа искази во ПС потврдија дека од првите луѓе на станицата се сторени тешки кривични дела за кои ние поднесовме кривични пријави“ изјави Јанкулоска во 2012 година. Дел од обвинети во ,,Детонатор“ посочуваат токму на Ванчо Тодоровски како наводен виновник за нивното инволвирање и апсење во овој случај. Тој сега издржува казна затвор во Струмица, а останатите затвореници во неговата ќелија објавија видео на кое се слуша како го приморуваат да земе метла и да мете, за да може тие тоа да го снимаат/ Снимката е објавена на социјалните мрежи. АКО.мк