Во ИО на СДСМ половина се жени

Ова се членовите на ИО на СДСМ:

Фросина Ременски од Ѓорче Петров, Проф. д-р на Безбедност, Благојче Бочварски, актуелен градоначалник на Штип и дипломиран архитект, Рената Десковска, од која доаѓа од општинските организации на СДСМ од Кисела Вода и Аеродром, Проф.д-р на Правни науки, Костадин Костадинов од Струмица, дипломиран економист и актуелен Портпарол на СДСМ, Есра Салихи од Арачиново, дипломирана на Филолошкиот Факултет во Скопје, Ѓоко Танасовски од Охрид, дипломиран Машински инжињер, Весна Ѓершанд од Сопиште, Проф.Д-р на ПМФ, Васко Талески од Битола, дипломиран правник, Тања Стојановска Иванова од Карпош,Проф.Д-р на Филолошкиот Факултет, Драган Тевдовски од Аеродром, Проф. Д-р на Економскиот Факултет и актуелен Министер за Финансии, Љатифа Шиковска од Шуто Оризари, дипломиран професор по Физичка Култура, Стефан Богоев, актуелниот Градоначалник на Карпош, магистер по економски науки, Кети Василевска од Гостивар, дипломиран правник, Нина Велкова од Кочани, инженер по индустриска логистика, Петре Шилегов од Карпош, односно актуелниот Градоначалник на Скопје, дипломиран правник, и Маринела Ојлевска од Струга, дипломиран економист.

,,Тие се членови на Извршниот Одбор, прв пат имаме активист од делот на Ромската заедница, сакаме преку тоа да испратиме порака дека многу по посветено ќе работиме на дигање на стандардот економски на најсиромашната заедница во Република Северна Македонија а тоа се Ромите“-изјаво лидерот на СДСМ, Зоран Заев во Охрид по завршување на ЦО на СДСМ.

За Организационен Секретар е избран Душко Весковски, Магистер по човечки ресурси досега беше Претседател на ОО СДСМ Карпош, и се уште е актуелен Директор на Водовод – Скопје, тој ќе ја напушти таа функција, и ќе биде Организационен Секретар само на СДСМ.

Секретар за Меѓународна Соработка, е Дане Талески д-р на Политички науки, тој и досега беше, 3-4 недели, и ќе ја извршува и во иднина оваа функција.

За Директор на Центарот за Истражување и Анализа на СДСМ е избран Мартин Попов, којшто доаѓа од ОО СДСМ Центар.