Во Истанбул се одржуваат повторените избори за градоначалник

Гласачките места утрината се отворени на повторените избори за градоначалник на Истанбул, откако неодамна Врховниот суд по поднесен приговор на владејачката АКП на претседателот Ердоган ги поништи пролетните локални избори на кои победи кандидатот на опозицијата.

Екрем Имамоглу (40) од Републиканската секуларна партија со 729 гласови разлика го победи 63 годишниот Бинали Јилдирим, кандидат на партијата на Ердоган.

Само 18 дена по преземањето на должноста, Имамоглу беше принуден да се повлече од функцијата, а Изборната комисија распиша нови избори.

Тој тогаш се закани дека откако беа нелегално поништени регуларните избори, со уште поголема рзлика ќе победи на јунските повторени избори.