Заменик-портпарол на Министерството за внатрешни работи на Авганистан, потврди дека бомбаш самоубиец со возило на Брза помош полно со експлозив, направил масакр на улица во Кабул.

Тој рече дека напаѓачот бил во возило на брза помош и на полицијата ѝ кажал дека носи пациент во блиската болница по што поминал на првиот безбедносен контролен пункт. На вториот контролен пункт го детонирал експлозивот.