Во Кисела Вода почина 24-годишно момче играјќи фудбал

Драган Крстев (24) од скопската општина Кисела Вода починал вчера додека играл фудбал на едно од игралиштата во населбата. Момчето се пожалило дека му е лошо и паднало на земја, по што веднаш била повикана брза помош. Лекар, кој бил присутен во близина се обидел да му пружи прва помош, но момчето не покажувало знаци на живот.

Крстев бил член на навивачката група „Комити“. На групата „Комити Кисела Вода“ на Фејсбук е напишано:

„Нашиот пријател и другар – Драган Крстев, ненадејно го напушти овој свет. Голема трагедија и огромна загуба. Драган беше поим за верност и знаеше како треба да се сака еден клуб. Сочувство до неговата фамилија и најблиските. Почивај во мир, пријателе…“