Во ,,корона-фабриката“ во Германија има и македонски државјани, 1.500 работници се заразени со вирусот

Работниците во фабриката живеат во многу различни објекти, расштркани во Рада-Виденбрик и многу околни места. Гудрун Бауер укажува на една, само неколку минути пешачење од живописниот градски плоштад со своите кафулиња и ресторани. Во трокатната зграда, двајца мажи седат на балконот, гледајќи во далечината и пушат. Зградата е под карантин, не смеат да излегуваат надвор, пишува Дојче Веле пренесувајќи ја морбидната приказна за условите во кои работат и живеат илјадници работници од Источна Европа во најголемата германска кланица на свињи ,,Тенис“.

Тие доаѓаат од Северна Македонија, не зборуваат германски, само малку англиски. Никој им нема  донесено ништо за јадење уште од минатиот петок, велат тие. Тие се жалат и дека не можат да им се јават на своите семејства во татковината. Не им е дозволено да ја напуштат зградата и во нивните простории нема интернет. Гудрун Бауер ја ниша главата во неверување и ветува дека ќе се погрижи за тоа.

За Инге Булчшнајдер, која со години протестира за подобри услови за живот на работниците, ангажманот на политичарките како Гудрун Бауер не е случајност: „Без корона-кризата, многу политичари, компанијата Тенис но и локалните жители тешко дека ќе беа загрижени за судбината за работниците во фабриката “, вели таа. И така, дури и нешто позитивно може да излезе од кризата.

Над 1500 инфицирани досега се регистрирани во германската кланица Тенис, жариште на коронавирусот. Условите за живот на работниците, меѓу кои, како што забележува репортерот на ДВ има и македонски државјани, се ужасни.

Целата приказна за оваа неверојатна ситуација со Ковид 19 во овој дел од Германија прочитајте ја на следниот линк:

https://www.dw.com/mk