Повеќето медиуми не испратиле свои новинари  на настан за кој биле повикани , затоа што мислеле дека некој се шегува со нив, заради содржината на пораката. Имено, во мејлот пишувало дека новинарите се канат на свечено пуштање во работа на новата септичка јама во основното училиште во село Мирошевац, крај Лесковац.

Претставникот на општина Лесковац, кој дошол да го означи крајот на работата на канализациската мрежа, се извинил заради несоодветниот наслов на поканата, но сепак кажал дека ги повикале тука медиумите за да и укажат на јавноста дека сосотојбата со санитарните јазли во руралните образовни институции е катастрофална.