,,Во Македонија нема да се градат нови мигрантски кампови. Транзитните центри се сосема доволни, тоа се покажа и во минататото при многу поголема криза и проток на мигранти“-изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој заедно со амбасадорот на Република Словачка  Н.Е. Мартин Безак вчера ги посетија полицајците од 8-та ротација на припадници на полицијата на Република Словачка, кои спроведуваат заеднички патролни активности со нашата полиција на државната граница со Грција.

-Огромна благодарност до Словачката влада,  Министерството за внатрешни работи на Република Словачка и амбасадата во Скопје за помошта која ни беше дадена кога ни беше најтешко. Ваква криза се решава само со соработка и солидарност. Сега состојбата на границата е стабилна- рече вчера министерот Спасовски во изјавата за медиумите.
Амбасадорот Безак потенцира дека миграцијата не е национален туку глобален феномен, кој бара соработка.
-Витален интерес на Словачка е Западно-балканската рута да остане затворена. Ние до сега во осум ротации испративме 190  полицајци на македонско-грчката граница и сме подготвени и натаму да помагаме- рече амбасадорот Безак.