Во Москва измерени -30 степени

 

Поларните температури, снег и мраз ја оковаа скоро цела Европа . За Русија се вообичаени ниски температури, но руските медиуми известуваат дека во Москава годинава за Божик е измерена рекордно ниска температура од -3- степени.

Повеќе аеродроми во Европа од вчера се затворени за сообраќај, а исто така и траектите  низ пристаништата во Хрватска, така што островите немаат комуникација со копното.

Истанбул од саботата е парлизиран заради снегот и ниските температури. Тешко се одвива и пловидбата бо Босфорскиот канал.

Познатата Фонтана ди треви во Рим замрзна во текот нан ноќта, а во некои делови на Италија снегот достигна повече од еден метар.

Најниска температура во Европа е измерена во швајцарското село Ла Бевине од 29,2, но ова село памети и постудени години како на пример во 1987 кога биле измерени -42 степена.