Во навивачка пресметка со бомба разнесено Поршето на член на белградските ,,Делии“

Попладнето во белградската населба ,,Врачар“, беше фрлена бомба врз паркирано возило марка ,,Порше“.

Возилото е целосно уништено, но за среќа нема повредени, иако во тоа време тука можело да има и случајни минувачи.

Возилото го возел 30 годишниот Лазар Вукичевиќ, член на навивачка група на Црвена Ѕвезда, иако Поршето формално припаѓа на неговиот татко.

Бомбата е одмазда, како што пишуваат српските портали, затоа што тој во тепачка пред две години пукал во Никола Вавиќ, водач на навивачката група ,,Алкатраз“, која го поддржува ФК ,,Партизан“.