Во наредните денови зголемување на температурата, јужен ветер и дожд

Прогнозата за наредните денови на УХМР е дека од денеска, 13.01.2017, па во наредните три дена ќе дојде до зголемување на температурите , како последица на јужниот ветер, кој ќе причини и отопување на заледените површини. Но, со оглед дека ноќните темпертури ќе бидат неколку степени под нулата, можно е повторно заледување на сообраќајниците, заради што се препорачува исклучително внимателно возење.

Во текот на овој ден , се очекува дури и дожд во пониските западни  делови од Македонија. Дневната температура ќе се движи од 0 до 6 степени.

Веќе утре, сабота 14 јануари се најавуваат дневни температураи од 1 до 7 степени, а ноќните од -3 до 2 степена. Во недела од 0 до 6, а ноќната од -11 до -2,  а во понеделник од -1 до 3 степени и минимални од -7 до 0 степени.