Во Неготино Груевски ветува, Амди Бајрам засмејува

Пред насобраните неготинци во рамките на изборната кампања во изборната единица 4,лидерот на Вмро Дпмне и носителот на изборна листа Никола Груевски најави грандиозен проект кој ќе чини околу 20 милиони евра,агро пазар Македонија,за прв пат по терк на западно европските држави, голема берза на свежи земјоделски производи,место на кое ќе се собираат понудата и побарувачката.

-„Најблиску ваква берза има во Будимпешта, а најпозната е Амстердамската според која ќе ја градим и кај нас,огромен комплекс со бројни објекти,сопственост на државата со изнајмување на ладилници од страна на заинтересираните фирми,со можност да се тргува преку интернет.Ова ќе биде атрактивно за купувачите од цела Југоисточна Европа,ќе го раздвижи регионот, а на земјоделците ќе им даде поголема сигурност.Агро берзата ќе почне да се проектира следната година, а во во 2020 се планира проектот да заврши“,рече Груевски.

Тој најави и комплетна рехабилитација на автопатот Неготино- Демир Капија,во вредност од 5 милиoни евра,реконструкција на патот Неготино- Кавадарци проект вреден 1 милион евра,како и изградба и реконструкција на повеќе патни правци,нова опрема за Здравствен дом Неготино со набавка на најсовремен дигитален ренtген апарат за мамографија во вредност од 140 илјади евра,изградба на две баскет игралишта,нова детска градинка и дневен центар за деца со пречки во развојот.

Груевски најави завршување на работите околу изградбата на магистралниот гасовод Штип- Неготино во должина од 36 км, природниот гас ќе пристигнува до Неготино, преку цевковод со кој ќе се донесе гасот до градот.

-„Со изградба на гасоводот ќе се изгради крак и поврзување со ТЕЦ Неготино, ќе се овозможи производство на електрична енергија со природен гас со што долгорочно ТЕЦ Неготино ќе стане многу значаен капацитет за снабдување со електрична енергија на државата,најави Груевски.

Според него на денот на изборите граѓаните треба да донесат две одлуки за нив лично и нивните семејства и втората одлука за Македонија, за суверена,независна и унитарна држава, а не кантонизирана,федерализирана која ќе се распарчува од страна на луѓе кои немаат интерес за иднината на оваа држава.

-Победуваме. Готови се. Единаесетти декември се ближи. Народот ќе си го каже тоа што го чека да го каже долго време. Сите тие измачувања, малтретирања и на државата и на народот што ги правеа во изминатиот период ќе резултираат со една голема победа на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за Подобра Македонија.

Во свој препознатлив стил од говорница ги засмеа лидерот на Сојузот на Ромите,Амди Бајрам.Тој и овој пат не пропушти можност да ја нападне опозицијата и да го потсети Заев на кафезот кој му го подготвувал за ден по изборите.

-„Заев сака да ни ја растури државата тој еден човек со Шеќеринска со кило шеќер што ја купува, сакат заедно да ја растурат оваа наша држава. Може ли да се растури,ова не е така лесно,затоа сите ние заеднички нема да му дадеме на зајакот да ја растура Македонија туку ќе му дадеме морков и зелка да јаде,се закани Амди Бајрам.

Кандидатот за пратеник од ИЕ 4 од Неготино, Павлинка Честојнова ги повтори досега реализираните проекти од страна на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија, изградбата на автопатот Неготино Демир Капија, подобро водоснабдување,изградба на локални патишта и улици.Не заборави да упати и порака дека нема да дозволи двојазичност на државата.

-„ Господине Заев ние жените ќе речеме некои дамки не ги пере ни најдобриот прашок,ние дамите ќе испереме дамка од црвено неготинско вино на снежно бела кошула, но кога и со што вие господине Заев ќе ја исперите штетата што и ја направивте на Македонија.Сакам една порака да упатам од овде една земја имаме Македонија и како што чедото ја сака својата мајка ,сакај ја својата земја,јас знам дека нема никогаш да ја изневерам мојата земја,никогаш нема да го изневерам мојот град Неготино,за мене не е желба тука задача,заврши Честојнова.

Пред неготинци свое обраќање имаа и лидерите на помалите коалициони партнери од коалицијата За подобра Македонија.

Билјана Н. Тошевски