Во недела се прегласува во Теарце

Управен суд од поднесените 4 тужби на СДСМ прифати само една , таа за Изборно место 2011 во Теарце каде во недела на 25 декември ќе има прегласување. Според веќе кажаното од ВМРО ДПМНЕ, тие нема да учествуваат на прегласувањето, ниту пак ќе ги признаат резултатите. Извесно е дека прегласувањето може да ги промени мандатите во ИЕ 6, каде разликата во гласови меѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ е само 307.

mkd-299555

Управниот суд ги одби тужбите на Социјалдемократскиот сојуз за избирачките места  2025  и 2010 во Теарце и избирачко место 1978 во Тетово.

Управниот суд прифати една тужба на СДСМ и една на ВМРО-ДПМНЕ.

Со тужбата на ВМРО-ДПМНЕ пак, беше поништен приговорот на БЕСА, за гласачко место во Гостивар, каде бил украден гласот на Фатиме Сулејмани, со фалсификување на нејзиниот потпис. Управен суд го отфрли приговорот како неуреден и ја поништи одлуката на ДИК да има прегласување.

Одлуките на Управен суд се конечни.

АКО.мк актуелно-објективно