Во недела температури до -12, ноќните до -22

Според прогнозата на УХМР во текот на ноќта, седми кон осми јануари,  температурата ќе се спушти до -22 степена во Берово и Лазарополе, во Скопје до -17, Битола и Крива Паланка до -20. Дневните на 08.07.2017 година дневните температури ќе се движат до -12 во Битола и Берово, -7 во Скопје.

УХМР направи прогноза и за наредните 5 дена и според приказот подолу на сликата, од понеделник се очекува благо покачување на температурата.

Како што може да се види поголемо зголемување на дневната температура може да се очекува на 11 јануари, среда, и уште повеќе на 13, во петок. Но, сепак и во текот на идната недела не очекува студено време, иако се најавуваат и подолги сончеви периоди.

АКО.мк