Во несреќата кај Крушје загинаа два брачни пара

Во сообраќајната несреќа што се случи вчера попладне кај селото Крушје, загинаа два брачни пара, едниот од Битола, другиот од Могила.

МИА го пренесува соопштението на СВР Битола:

– Сообраќајната несреќа се случи ма магистралниот пат „А-3“ релација Охрид-Ресен, кај местото викано „Рибник“ во село Крушје. Во сообраќајната незгода учествуваа три патички моторни возила – „Мерцедес“ со битолски регистерски таблици управувано од Миле Р. (1951г.) со сопатничката Менка Р. (1953) и двајцата од Битола, патничко моторно возило „Ауди а-4“ исто така со битолски регистерски таблички управувано од возач С.Н. (1974),  која патувала заедно со Димче С. (1959) и Цена С. (1965), жители на општина Могила, село Трновци, и трето патничко моторно возило „БМВ“ со охридски регистерски таблички управувано од И.Т. (1991) со својот сопатник В.Р. (1991). Во сообраќајната несреќа на местото на настанот животот го загубија Миле Р., Менка Р., Димче С., и Цена С., а смртта ја констатираше медицинска екипа на Службата за итна медицинска помош од Здравствен дом Ресен. Со тешки телесни повреди е лицето С.Н. која управувала со возилото „ауди А-4“, соопшти Сања Стаматова, портпарол на СВР-Битола, пренесува МИА.