Во несреќата со Брајант загинале и познат тренер и неговите сопруга и ќерка

Покрај Коби Брајант и неговата ќерка Ѓијана, во вчерашната кобна хеликоптерска несреќа во Калифорнија загинале вкупно 9 луѓе, соопшти шерифот на таа област.

Меѓу загинатите е и познатиот бејзбол тренер, Џон Алтобели, и неговите сопруга и 13 годишна ќерка која исто така тренирала кошарка заедно со ќерката на Коби.

Џон Алтобели со сопругата и двете ќерки

Алтобели го водеше тимот на Оринџ Коуст колеџ.

По падот на хеликоптерот поради густата магла, избувнал пожар.