Во Нови Пазар багеристот само го префрли ѓубрето од едната страна на мостот на другата страна во реката(видео)

Деновиве Србија и регионот се соочуваат со поплави како пред неколку години. Поплавени се куќи, села , патишта, а ѓубрето исфрлено во реките и на неговите брегови направи дополнителни проблеми. Но, најчудната интервенција се случи во Нови Пазар, каде насобраното ѓубре и пластични шишиња се заглавија под еден мост и предизвика дополнителни поплави и проблеми. На општа вчудовиденост, багеристот наместо да го исфрли надвор, сметот од едната страна на мостот само го префрли на другата и тоа повторно во реката.

Поплавите уништија голем дел од родот , а штетите на домовите по течението на голем број реки, се огромни.