Во Нов Зеланд се одложени изборите поради повторната појава на Ковид 19

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, објави дека парламентарните избори во земјата ќе бидат одложени за еден месец поради нови случаи на Ковид 19.

Оваа земја прогласи победа над корона вирусот пред неколку недели, откако цели три месеци немаше ниту еден нов случај на Ковид 19. Беа симнати сите протоколи и забрани и луѓето слободно се движеа и функционираа.

По четирите нови случаи на Ковид 19 во Оукланд, вчера таму се регистрирани во еден ден уште 49 заразени.

Партиите веднаш ги стопираа изборните кампањи, а премиерката донесе одлука закажаните избори на 19 септември да се одложат за 17 октомври.

Таа рече дека сега ќе има доволно време партиите да се прилагодат на новите услови.

Во Оукланд е вратена изолацијата за заразените и нивните контакти, а премиерката, која сега ужива популарност од 60 проценти од населението, рече дека нема намера пак да го менува датумот за изборите и дека на земјата ѝ се неопходни избори.

Медиумите од Нов Зеланд јавуваат дека нема сознание како се вратил повторно корона вирусот во земјата.