Во одбрана на новинарската професија

Пред три години новинарската заедница во Македонија протестираше пред Музејот на ВМРО заради одлуката на судот да го казни новинарот Томислав Кежаровски на 4 и пол годишна казна затвор за напишан текст во весникот Нова Македонија, заради наводно откривање на идентитет на заштитен сведок.

Истиот тој заштитен сведок самиот пред судот призна дека лажно сведочел под притисок на високи полициски службени лица.

На протестот полицијата употреби сила и не им дозволи на новинарите да се доближат до музејот.

Извикувајќи „Слобода“ и „Полициска држава“, згрозени од однесувањето на полицијата, новинарите се спротиставија на однесувањето на полицијата, но исто така во континуите просолжија со протестите се до ослободувањето на Кежаровски од притвор.

Денеска, по три години, новинарите повторно на исто место ќе потсетат за политичкиот прогон на новинари што се врши во Македонија, на бесрамното апсење на Томислав Кежаровски и загрозената слобода на изразување.

„Почитувани колеги, Ве информирам дека на 23 октомври, точно напладне на плоштадот „Филип Втори“, кај Музејот на ВМРО, онаму каде што Вие на 23 октомври во 2013 година, го одржавте протестот поради пресудата што ми беше изречена и од каде побаравте мое ослободување.

Ве повикувам  симболично да го одбележиме денот кога полицијата крена рака врз новинарите, кога полицијата се обиде да ги замолчи новинарите…“-напиша на својот ФБ профил Томислав Кежаровски.