Во отсуство на пратениците на ВМРО ДПМНЕ е ратификуван Договорот за името со Грција

Со 69 гласа ЗА и ниту еден против, но во отсуство на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, владејачкото мнозинство ја ратификуваше ,, Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните, по скратена постапка“.

,,Јазикот е нашата татковина“-го цитираше од собраниската говорница творецот на македонската граматика, академик Блаже Конески, премиерот Зоран Заев, барајќи од пратениците да гласаат ЗА Договорот за името со Грција..

,,Пред нас се нашите бели листови за нашата татковина. Заедно да ги испишуваме“-им се обрати Заев на граѓаните.