Стотина автомобили на компанијата „Масерати“, изгореа во пожарот што вчера избувна во италијанското пристаниште Савона, пренесоа италијанските медиуми.

Меѓу изгорените автомобили имало и од оние произведени во фабриката за автомобили на ,,Фијат“ во Крагуевац.

До пожарот дошло заради силниот ветер кој предизвикал големи бранови. Брановите направиле краток спој во инсталациите на пристаништето по што избувнал пожар.

Автомобил марка ,,Масерати“