Во пожар во куќа во Битола загинаа мајка и нејзиниот 17-годишен син

На 29.01.2018 година во 04,20 часот во Битола на ул.„Девеани“, во куќа сопственост на Т.А.(60) настанал пожар.

Екипа на Територијалната противпожарна заштита Битола интервенирала на лице место, а во пожарот животот го загубиле сопругата на сопственикот – Ф.А.(53) и нивниот 17 годишен син. Увид е извршен од страна на јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Битола. Се преземаат мерки за утврдување на причините кои довеле до опожарување и целосно расчистување на настанот, соопшти МВР.

Таткото кој бил тешко болен, излегол во дворот и побарал помош од соседите кои веднаш се јавиле во противпожарната единица и се обиделе сами да го изгаснат огнот кој многу брзо ја зафатил целата куќа. Но, соседите раскажуваат дека веќе било невозможно да се влезе внатре. Противпожарната единица од Битола интервенирала со 2 возила и 5 пожарникари, извесува порталот Апла.мк

Фото:Апла.мк