Според се уште неофицијални информации, во големата полициска акција изминатата ноќ, е приведен и оперскиот пејач Игор Дурловски, кој беше еден од водачите на протестите во името на ,,За Македонија заедно“, заедно со Богдан Илиески-Бетмен и Борис Дамовски.

Тој подоцна се повлече од организацијата и протестите.

На својот Фејсбук профил по случувањата во Парламентот, изминатата пролет, напиша:

Јас бев за Македонија,но без насилство. Јас бев за Македонија без албанска химна во собрание! Јас бев…


Неговиот пост на кој имаше близу 900 лајкувања,наиде на жестоки критики и осуда,но и поддршка од еден дел од неговите следбеници и поддржувачи. Најчестите кометари беа дека е “срам за професијата“.