Во последното деноноќие во САД починаа 2.106 луѓе, во Њујорк од коронавирус се заразени повеќе од 6.000 луѓе за 24 часа

Црн ден за Америка. Во последното деноноќие во Соединетите Американски Држави е постигнат апсолутен црн рекорд од почетокот на пандемијата на коронавирус.

Од овој вирус се регистрирани 2.106 почината во последните 24 часа, но некои американски медиуми наведуваат дека тоа не е целосната статистика со оглед на тоа што многу од починатите се пронаоѓаат потоа по домовите или не се тестирани.

Само во градот Њујорк изминатото деноноќие биле регистрирани над 6.000 заразени и повеќе од 500 мртви.

Во САД од коронавирус досега починаа 18.849 лица.

Во светот до денеска се заразени 1.700.000 луѓе, а починаа 100.000 луѓе.