Во Прилеп запалено е возилото на пратеникот на СДСМ Хари Локвенец

На 17.06.2018 година во 23.05 часот во СВР-Битола, Х.Л. (48) од Прилеп пријавил дека околу 23.00 часот непознат сторител го опожарил патничкото возило „Мини Купер“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на неговиот татко. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп пожарот бил  изгаснат. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.

Локвенец присуствуваше на свеченоста во Отешево по повод потпишувањето на Договорот со Грција, а по објавувањето на оваа фотографија, тој почнал да добива многу закани.