Во Прилеп не се регистрирани нови случаи на КОВИД 19

Општина Прилеп објави информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, вторник 26 мај:

  1. Во општина Прилеп денеска нема нови случаи на заболени од коронавирус, како ни новооздравени од оваа заразна болест;
  2. Вкупниот број на активни случаи изнесува 46, од кои 28 лица се наоѓаат на домашно лекување.
  3. Во самоизолација се наоѓаат 72 лица;
  4. За време на продолжениот викенд, регистрирани се две нарушувања на полицискиот час, стои во известувањето од општината.