На седницата на албанскиот Парламент на која се ратификуваше Протоколот за членство на Македонија во НАТО, се случи инцидент кога пратеникот од редовите на опозициската Демократска партија, Еди Палока, истури мастило врз премиерот Еди Рама.
На оваа седница присуствува спикерот на македонскиот Парламент, Талат Џафери, кој имаше свое обраќање пред присутните.

Ратификацијата на Протоколот за членството на Македонија во НАТО беше изгласана со 130 гласа „за“ и ниту еден „против.“