Република Словенија е втората земја по Грција која го ратификуваше Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО. Во словенечкиот Парламент, во име на Македонија присуствуваше претседателот на Собрание на РСМ, Талат Џафери.
Џафери им се заблагодари на словенечките пратеници: ,,Би сакал уште еднаш да го изразам моето лично задоволство, а и на целата делегација на Собранието на Република Северна Македонија за оваа, уште една успешна и пред сè продуктивна билатерална средба. Почитуван претседател на Државниот Збор, г. Дејан Жидан, почитувани колеги пратеници, сакам да ви посакам успешна работа и се надевам дека наскоро ќе се видиме во Скопје, а до крајот на годинава ќе седиме заедно како рамноправни членки во НАТО а со тоа и во Парламентарното Собрание на НАТО алијансата“-рече Џафери.