Во Приштина пукано во Азем Власи

Утрината околу 8 часот во Приштина е пукано во адвокатот Азем Власи, пренесуваат косовските медиуми. Обидот за убиство е извршен пред неговата куќа, а веднаш по инцидентот Власи со прострелна рана е пренесен во ургентен центар.

Неговата сопруга изјавила дека едно лице со пиштол го ранил во рамето , но тој не е животно загрозен.

До инцидентот дошло кога Власи го одбил напаѓачот да го застапува во некој предмет , а потоа овој го напднал , почнале да се туркаат и во текот на борбата меѓу двајцата дошло до ранување на приштинскиот адвокат. Сторителот избегал од местото на несреќата, а полицијата трага по него. Врз Власи ќе се изврши операција за санирање на повредите.

Азем Власи беше еден од најпознатите Титови младинци во бивша Југославија и политичар во врвот на тогашната држава.