Во промет редизајнираните банкноти од 100 и 200 евра

Европската централна банка објави дека од денеска се пуштаат во промет банкнотите од 100 и 200 евра кои имаат нов дизајн.

Овие банкноти се дел од најновата едиција под наслов ,,Европа“, а во промет се наоѓаат и апоените од 5, 10, 20 и 50 евра, додека идејата за печатење на банкноти од 500 евра е напуштена.

Досегашните пари од 100 и 50 евра се наоѓаат во промет и нема потреба тие да се заменуваат.