Во Пула Теона Митевска со награда за најдобар режисер во категарија на ,,малцински хрватски копродукции“

Режисерката Теона Стругар Митевска на Пулскиот филмски фестивал ја доби наградата Златна арена за најдобра режија во филмот ,,Бог постои, имете му е Петрунија“, но во категоријата на ,,малцински хрватски копродукции“.

Имено филмот на Митевска беше во копродукција на пет земји и тоа Македонија, Хрватска, Словенија, Белгија и Франција.

Главните награди Златна арена за најдобар филм, најдобра режија , за најдобра музика и монтажа му припадна на хрватскиот филм ,,Дневникот на Дијана Будисављевиќ“ во режија на Дана Будисављевиќ.

Овој филм во кој е раскажан животниот пат на Австријката со српско потекло, Дијана Будисављевиќ, која кон крајот на Втората светска војна од усташките нацистички логори во Хрватска спасила 10.000 српски деца, ја доби и наградата на публиката за најдобар филм.

Филмот е правен со поддршка на Хрватски аудиовизуелен центар, Филмски центар на Србија, ВИБА филм, Град Загреб и други, а во главната улога игра Алма Прица, епизодна улога во филмот има и Мирјана Карановиќ.

Филмот е со жанр играно-документарен, бидејќи во него се користени архивски материјали од српскиот архивски центар.

Во арената во Пула завладеа тотален молк кога одеше документарниот дел со автентични црно бели снимки од попишувањето на српските деца логаораши од кои најстарото немало повеќе од 10 години. Сите биле прегладнети, само коски и кожа, со преплашени погледи гледале во камерата која ги снимала со цел да послужат за пропагандна цел на усташите дека наводно Дијана Будисављевиќ ги спасувала откако биле оставени од неодговорните родители и партизани да умрат од глад.

Вистинската приказна е раскажана во романот ,,Дневникот на Дијана Будисављевиќ“, врз чија основа е снимен филмот.

Пулскиот филмски фестивал е еден од најстарите и најпрестижните во поранешна Југославија, но и сега на овие простори.

Годинава се одржа неговото 66 издание.

За сите награди, тука …

https://dnevnik.hr