Познато е дека во САД и во Канада превозот на ученици е организиран  со специјални школски автобуси, со кои децата се земаат и враќаат во своите домови.
Но, за нас е непознато како изгледа процедурата и на што се должни граѓаните кога автобусот ќе застане на прометна улица.

Имено, ова видео го покажува токму тоа. Сите автомобили,кои доаѓаат  од двете страни,  се должни да застанат најмалку на десет метри одалеченост од автобусот. Автобусот е опремен со специјални знаци стоп, кои се отвораат кога тој ќе застане.

Од предната страна на автобусот има рампа која се активира кога ќе застане, за да спречи евентуално претрчување на децата преку улица.

Oва видео од Америка покажува максимална безбедност на учениците.

Ете, токму ова видео е хит на социјалните мрежи, а корисниците кај нас и во регионот коментираат дека тоа за нас е научна фантастика.

Токму така. Но, да биде вака и кај нас треба да постои ред и поредок. И секако казни за прекршување на правилата, кои во САД и Канада се големи.

АКО.мк