Во Сараево снег, скршени дрвја и блокирани патишта

Обилни врнежи од снег ја зафатија Босна и Херцеговина изминатите два дена. Посебно е хаотична ситуацијата во Сараево каде снегот предизвика значителни проблеми во сообраќајот , но и движењето на пешаците заради неисчистените тротоари. Под тежината на снегот се искршија многу гранки од дрворедите, па градските служби беа приморани цела ноќ да ги креваат од коловозите.

  

Метеоролозите во овој дел од Балканот прогнозираат снег, дожд и ниски температури и во наредните денови.