Во Сарај 41 заразен од коронавирус, градоначалникот бара масовно тестирање

Градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети, конечно се загрижи за состојбата со заразени од коронавирус во Сарај.

,,До вчера имаше 39 случаи, денеска имаме уште двајца нови, вкупната бројка е 41. Заразените се од повеќе подрачја од општината“, рече Беџети.

Тој побара масовно тестирање во оваа општина за да се откријат сите случаи. Исто така апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита.

Им порача да избегнуваат масовни и семејни собири.

Според него, само со 700 тестирања на ден можеме да дознаеме колку има заразени.

Изјавата ја има на македонски во вториот дел од обраќањето.

На прашањето дали ќе прифати Сарај да оди во карантин, одговори дека ако централната власт одлучи такво нешто, тогаш тоа ќе мора да биде спроведено.